Вучиќ: Далеку од можно решение со Косово
Српскиот претседател Александар Вучиќ во своето обраќање пред лидерите на Самитот „Брдо-Бриони“ во Тирана изјави дека Белград и Приштина долги години се далеку од можно решение. Тој порача дека и не може другите земји да им држат лекции за проблемот.
„Ние прифативме се од Европската Унија, а сега сме заглавени, и ова ќе трае, но се надевам не засекогаш“, заклучи Вучиќ.
Во исто време српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ оцени дека однесувањето на домаќинот каде нејзините претставници говореле за укинување на границата со Косово и спојување на три општини од југот од Србија на територијата на земјата, „е безобразие кое заслужува остра реакција на Србија”.
Тој додаде дека се поставува прашањето дали воопшто треба да се учествува на такви собири во светот, бидејќи, според него, зад грб се турка идејата за „Голема Албанија“.