На траект кој пловел кон Сплит му откажал моторот
На траектот Аурелија кој превезувал 250 патници и 92 членови на екипажот на редовната линија Анкона -Сплит, му откажал еден од моторите и сега со часови се одржува на вода. Траектот на кипарската транспортна компанија се наоѓа на 10 милји милји југозападно од Корнати.
Кон траектот биле испратени два реморкера, но поради силниот ветер морале да се вратат во пристаништето во Шибеник. Акцијата за спасување на траектот Аурелија на кипарската транспортна компанија ја презел Центарот за трагање и спасување на море во Риека.