Ердоган: На ЕУ ѝ треба Турција повеќе, отколку што нам ни треба ЕУ
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган изјави дека на Европската Унија ѝ е потребна Турција, повеќе отколку што на Турција и треба ЕУ. Ердоган рече дека неговата земја во процесот за безвизниот режим исполнила 66 од 72 зададени критериуми.
„Набрзо ќе ги исполниме сите критериуми па ќе видиме колку е ЕУ искрена во врска со укинувањето на визите“, изјави Ердоган, a пренесе агенцијата „Анадолија“.