Метеорит падна во Сибир
„Според локалната канцеларија на Министерството за вонредни состојби во Сајаногорск, небесно тело, за кое се претпоставува дека е метеорит, падна на Земјата во областа Бејск. Хидроелектраните Сајано-Шушенскаја и Маина, топилниците за алуминиум „Русал“, како и инфраструктурните системи на градот продолжуваат да работат нормално“, се вели во извештајот.
Овој метеорит е далеку помал во големина од оној што се урна во близина на Чељабинск во февруари 2013 година, изјави Виктор Гроховски од Руската академија на науките за ТАСС. Читать дальше...