Протест на опозицијата во Албанија со порака "Рама оди си"
Синоќешниот шести по ред „национален протест“ на обединетата албанска опозиција заврши со обраќањето на лидерот на Демократската партија Љуљзим Баша кој рече дека пораката што ја дадоа граѓаните е јасна, дека политичкото решение е заминување на Рама.
Тој упати порака и до меѓународните сојузници дека опозицијата е подготвена на секаква жртва. Инаку, простестот кој траеше околу три часа почна пред Владата. Во обраќањето Баша го обвини премиерот Еди Рама дека со намерата да оди на избори без опозиција ја „носи земјата право во цивилен конфликт“, а го развеа германското знаме.
Толпата извикување „Рама од си“„Албанија како цела Европа“ и пушти најмалку 500 поголеми балони на кои беше напишано „Рама од си“,но се мина мирно.
По барање на Баша учесниците со запалени мобилни телефони продолжија кон зградата на Парлементот. Но, таму за момент беше тензично со фрлање тврди предмети и димни бомби и корнење на металната ограда. По употребата на водени топови од страна на полицијата и апелот на генералниот секретар на Демократската партија,Газменд Барди ситуацијата се смири.