Грците денеска гласаат за европратеници и градоначалници
Од 7 часот утрово отворени се гласачките места низ цела Грција на кои речиси 10 милиони граѓани гласаат на европските и локалните избори. Право на глас имаат 9 922 294 граѓани, 536 920 се нови гласачи, од кои 106 760 се на возраст од 17 години, кои оваа година на прв пат имаат право на глас, односно ќе гласаат и родените меѓу 1 јануари 2002 и 31 декември истата година.
Гласачките места ќе се затворат во 19 часот, а првите официјални резултати се очекува да бидат соопштени околу 21.30 и ќе се однесуваат на Европските избори, јави дописничката на МИА од Атина.
Гласањето во Грција е задолжително за граѓаните, освен за оние кои што живеат во странство, се над 70годишна возраст или на денот на гласањето се наоѓаат на оддалеченост од над 200 километри од местото каде што гласаат.
На европските избори учествуваа 40 политички партии и коалиции, кои со свои кандидати ќе се борат место во Европскиот Парламент, во кој Грција учествува со 21 европратеник. Гласачите ќе можат да изберат најмногу четворица кандидати, а за партиите да добијат свој претставник во ЕП ќе треба да освојат минимум 3%.
На локалните избори, Грците ќе гласаат за: избор на регионални и општински власти, за избор на префект и членови на регионален совет, за избор на градоначалник и членови на градски совет и за избор на органите за управување со заедницата.