Последен ден гласање за Европскиот парламент
Десетици милиони гласачи во 21 земја членка на Европската унија денеска имаат можност да гласаат на последниот ден од изборите за Европскиот парламент кои почнаа пред четири дена.
Германија, Франција, Италија, Бугарија, Романија, Хрватска, Грција и Унгарија се меѓу земјите кои денеска ќе ги бираат своите претставници за Европскиот парламент кој има 751 член.
Седум земји членки веќе гласаа од 23 мај досега, а првичните резултати се очекува да бидат објавени денеска доцна вечер. Испитувањата на јавното мислење покажуваат дека крајно десните партии, евроскептиците и популистите може да освојат третина од местата во Европскиот парламент, но анкетите од кога почнаа изборите пак покажуваат дека сепак, тие не поминуваат добро како што беа претходните предвидувања.