Видео: Музичари од Алтај го препејаа најслушаниот хит во светот „Despacito“
Песната на малку познатиот порторикански изведувач Луис Фонси за половина година воспостави апсолутен рекорд на светските стриминг-ресурси – 4,6 милијарди пати слушаност. Колку за споредба, на претходниот рекордер, канадскиот поп-идол Џастин Бибер со синглот „Sorry“ му беа потребни две години за да постигне слушаност од 4,38 милијарди пати. Додека музичките критичари се прашуваат со што се објаснува неверојатната популарност на скромната латиноамериканска музика, на интернет се појавуваат безброј обработки на песната „Despacito“. Читать дальше...