Средба на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Мицкоски и Ахмети
Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети денеска на средба во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, разговарале за актуелната политичка ситуација. По разговорите двајцата во изјава за новинарите оценија дека средбата била конструктивна и оти договориле да продолжат со комуникацијата. Мицкоски, посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е ориентирана кон ЕУ и НАТО интеграциите и ќе придонесе кон поквалитетни реформи. Во врска со Законот за употреба на јазиците, Мицкоски истакна дека ова не биле преговори, туку само ги аргументирале позициите. Читать дальше...