Анѓушев релаксиран за смените, Фазлиу ќе ги почитува одлуките
Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев денеска изјави дека сите државни функционери треба да бидат свесни оти еден ден ќе ја напуштат функцијата.
„Јас лично сум релаксиран по тоа прашање и мислам дека кој и да било да одговори на тоа прашање освен премиерот е несерозно и немам што да одговорам повеќе“, изјави Анѓушев.
Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, пак, во коментар дали смета дека ќе остане на министерската позиција истакна дека тоа е проценка која прво треба да произлезе од граѓаните и од политичките структури.
Тој посочи и дека ќе биде испочитувана секоја нивна одлука. Според Фазлиу, најважно да се применува владината програма, а промените се нормална работа во демократски развиени држави.