Спасовски: Централниот одбор донесе одлични одлуки
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека СДСМ на вчерашниот Централен одбор донела одлични одлуки. Спасовски кој разрешен од функцијата потпретседател на партијата истакна и дека очекува да се одржи нов Централен одбор на кој ќе се екипира новото раководство на СДСМ.
„Тоа е одлука на претседателот на партијата кој ги предлага функционерите, но тоа воопшто не е важно. Важно е дека сите ние се согласивме дека мораме да ги промениме, да ги подобриме, да ја зајакнеме структурата на партијата. Знаете ова ретко го прави партија која што е на власт и која што ги добила изборите. Ние веднаш по добивањето на претседателските избори пристапивме кон анализа и кон подготовка за победа на следните парламентарни избори, изјави Спасовски во Куманово.
Запрашан за евентуални промени во Владата, тој порача дека тоа е во исклучива надлежност на премиерот. Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, истакна дека има потполна доверба во одлуките на премиерот.