Протести во Пакистан по смртта на тројца активисти
Илјадници луѓе излегоа на протести во неколку градови во Пакистан по смртта на најмалку тројца активисти кои биле припадници на етничката група Паштун. Протести се одржаа во Пешавар, Сват, Дера Исмаил Кан, Куета, како и други градови.
Активистите загинале за време на протестите кои биле организирани од движењето Паштун Тахафуз против прекршување на човековите права дод страна на војската. Според полицијата, демонстрантите нападнале контролен пункт и повредиле пет припадници на безбедносните сили. Сведоци соопштија дека безбедносните сили отвориле оган кон учесниците на протестите кои биле мирни и притоа биле повредени и повеќе од 20 лица.