Повредени 4 чувари во немири во затвор во Украина
Четворица чувари биле повредени во немири кои избиле во затвор во украинскиот регион Одеса. Според украинската полиција, немирите започнале кога затворениците протестирале за серија на претреси од чуварите, а било запалено и едно комбе.
Затворениците како заложници земале и три медицински лица и тројца чувари, но тие подоцна биле ослободени и ситуацијата е ставена под контрола. Затворениците кои ги започнале немирите се изолирани и започната е истрага.