Вооружен напад во Кабул
Авганистанската полиција соопшти дека вооружени лица застрелале седуммина членови од едно семејство во главниот град Кабул. Во соопштението е наведено дека инцидентот се случил во западниот дел на градот. Меѓу загинатите има три жени и две деца, а при нападот биле ранети и да други члена на семејството. Полицијата се сомнева дека убиствата се извршени поради некој семеен спор околу земјиште.