Сировото млеко е дефицитарно
Зависни сме од увоз на преработено млеко, вели фармерот Кирил Небрежанец. Тој вели дека една од причините е што драстично се намалува бројот на стоката во државата. Од надлежното Министерството велат дека намалувањето на сточниот фонд во битолскиот регион не е така драстично.