Лидерот на владејачката партија во Романија во затвор
Ливуи Драгнеа денеска се предаде во полиција за издржување на казната затвор од три години откако судот ја отфрли жалбата на пресудата за корупција. Одлуката на судот е изречена еден ден по поразот на Социјалдемократската партија на Драгнеа на европските избори.