Дали Македонија е подготвена за преговори со ЕУ?
Лидерите на ЕУ и формално го усвоија заклучокот со кој на Северна Македонија и Албанија им се дозволува отпочнување на пристапните преговори со ЕУ. Најпроблематичните теми во земјава ќе бидат ставени први на мени во европските преговори.