НАТО ќе расправа за вмешаноста на Русија во експлозиите во Чешка
На барање на Чешка, НАТО денеска ќе расправа за аферата околу вмешаноста на Русија во експлозиите на магацините со муниција во Врбетице и можната акција за солидарност, објави амбасадорот на Чешка во НАТО. Претставничкиот дом на чешкиот парламент деновиве го осуди наводниот напад на руските агенти на ГРУ врз складиштата за муниција во Врбетице во 2014 година, го одобри протерувањето 18 руски дипломати и побара од владата да го повика НАТО да ги протера руските дипломати на координиран начин во знак на солидарност со Чешката Република. Читать дальше...