Трет дуел на Заев и Мицкоски
Пожарот во Тетово и смртта на 14 луѓе, пописот, и изборите беа тема на вечерашниот дуел меѓу премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Канал 5. Заев повика да не се користи трагедијата во Тетово за дневнополитички поени. Тој повтори дека прво ќе ги чека резултатите од истрагата, па потоа ќе донесе одлуки за оставките понудени од функционерите за здравство и директорите на тетовската болница. Заев го осудува постојаното инсистирање на опозицијата за оставка на министерот Венко Филипче. Читать дальше...