Уапсени пет лица осомничени за тероризам во Косово
Специјалното обвинителство на Косово објави дека биле уапсени пет лица осмоничени за подготвување терористички напади и неовластено поседување експлозивни средства, оружје и други материјали. Според соопштението на Обвинителството, операцијата на Управата за борба против тероризмот на косовската полиција уследила по неколкумесечна истрага и спроведени тајни истражни и надзорни дејствија. Обвинителството информира дека при претресот кај уапсените се откриени експлозивни материјали, огнено оружје, еден дрон и противтенковско оружје. Читать дальше...