Русија повлекува дел од трупите од границата кон Украина
Дел од војниците во руските воени области во соседството на Украина се враќаат во своите бази по завршувањето на вежбите, објави денеска руското Министерство за одбрана. Се смета дека ова е потег што би можел да ги намали тензиите меѓу Москва и Западот. Руската новинска агенција Интерфакс го цитираше Министерството според кое, иако големите вежби продолжуваат низ целата земја, некои единици во јужниот и западниот воен округ ги завршиле своите вежби и почнале да се враќаат во базата, објави Ројтерс. Читать дальше...