Мирен осми ден протести против францускиот предлог
Во мирна атмосфера и со присуство на голем број граѓани помина осмиот ден од протестите против францускиот предлог, чие евентуално прифаќање треба да доведе до кревање на бугарското вето и почеток на преговори за влез на земјава во ЕУ. Под мотото „Ултиматум, не благодарам“ и „Со фашисти не се преговара“, присутните излегоа да кажат „не“ како што велат за бугаризација на Македонија. Протестот и денеска започна пред Владата, од каде демонстрантите се движеа кон Министерството за правда, за да го завршат својот марш пред македонското Собрание. Читать дальше...