Ескобар - Немаше да се постигне договор меѓу Белград и Приштина, без поддршката на Скопје
Специјалниот пратеник на Стејт департментот за Западен Балкан, Габриел Ескобар, кој беше во посета на Тирана, во интервју за Топ чанел, како историски го оцени постигнатиот договор во Охрид, меѓу Белград и Приштина. Тој вели дека договорот, што го овозможи Европската унија, со поддршка на САД, „речиси во секој аспект е поддржан од земјите од регионот“ и оти без поддршка на Северна Македонија тој не би се постигнал. „Преговорите се водеа во Македонија и без нивна поддршка тоа немаше да биде возможно. Читать дальше...