Поројни дождови за празничниот викенд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат поројни. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследени со грмежи и со силен ветер (над 70 км/час), соопштува Управата за хидрометеоролошки работи.
Максималните температури ќе се движат од 10 до 19 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Околу пладне во делови од котлината ќе има краткотрајно невреме со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Температурата ќе достигне до 18 степени.
За претстојниот празничен викенд за Велигден се најавува променливо време со дожд, грмежи и ветер. Нема да врне само в сабота.