Приватниците се враќаат во јавниот превоз во Скопје
Приватните автобуси од 24 мај се враќаат во јавниот превоз во главниот град, соопшти Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП). ЈСП соопшти дека од утре во јавниот превоз се враќаат 105 приватни автобуси. Тие ќе возат на линиите - 23, 45, 61, 63, 73, 9, 11, 11A, 12, 47A, 55, 19, 20, 22, 52 и 54. Од ЈСП соопштија дека на 23 мај директорот на ова јавно претпријатие потпишал договор со приватните превозници и тие од утре ќе сообраќаат по скопските улици, со модерни автобуси, кои ги исполнуваат еколошките стандарди. Читать дальше...