Владата одлучи да ги спроведува препораките од УНЕСКО за Охридскиот регион
Уривање на дивоградби и ограничување на градбите во старото градско јадро на Охрид се само дел од задолженијата што им ги даде Владата на надлежните институции по препораките на УНЕСКО. Владата на денешната седница донесе одлука за итни мерки со цел рехабилитација на Охридскиот регион. Оваа одлука е донесена по последните препораки на мониторинг мисиите на УНЕСКО потенцирани од Комитетот за светско наследство искажани на 45. сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО што се одржа во Ријад, Саудиска Арабија. Читать дальше...