СЗО: Повеќе од половина од болниците во Газа не работат
Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека 20 од вкупно 36 болници во Газа повеќе не работат, вклучувајќи ја и детската болница која престана да работи по израелскиот напад во областа. Портпаролката на СЗО, Маргарет Харис, денеска изјави дека болницата Рантиси на северот повеќе не работи, но, не е јасно што се случило со пациентите. Палестинското Министерство за здравство претходно соопшти дека израелските сили синоќа погодиле област во близина на Медицинскиот комплекс Шифа... Читать дальше...