ЕУ ги осуди израелските планови за изградба во источен Ерусалим
Европската унија денеска ги осуди плановите на Израел да изгради 805 станбени згради за домување во еврејските населби во источен Ерусалим, откако Министерството за градежништво пред неколку дена ги објави тендерите.
Како што се наведува во соопштението, „ЕУ остро се противи на израелската политика за населување, вклучително и во источниот Ерусалим, што се смета за нелегално според меѓународното право и претставува пречка за мирот“.
Портпаролкатана ЕУ Маја Кочијанчиќ, додаде дека "политиката на градење населби и проширување во источниот Ерусалим продолжува да ја поткопува политиката на одржливо решение (според моделот) на двете земји со Ерусалим како идниот главен град на двете земји, што е единствениот реален начин да се постигне праведен и траен мир".
Израел планира градба во време кога американската администрација се подготвува да го претстави првиот дел од својот блискоисточен мировен план на економската конференција во Бахреин кон крајот на јуни. Палестинското раководство го отфрли планот однапред и најави дека нема да учествуваат на собирот.
Израел го освои источниот Ерусалим во шестдневната војна во 1967 година, а подоцна го анектираше, а Меѓународната заедница никогаш не го призна. Во декември 2017 година, американскиот претседател Доналд Трамп го призна Ерусалим како главен град на Израел пред една година таму беше преместена американската амбасада од Тел Авив.