Финалето од Лигата на шампионите ќе започне со минута молк
Европската фудбалска унија соопшти дека финалето од Лигата на шампионите вечерва ќе започне со минута молк, во чест на трагично починатиот шпански фудбалер Хосе Антонио Рејес. Поранешниот фудбалер на Севиља, Арсенал, Реал, Атлетико, Бенфика, Еспањол и уште неколку клубови, утрово починал во сообраќајна несреќа на 35 годишна возраст.