Чешкиот премиер Бабиш во посета на Северна Македонија
![Чешкиот премиер Бабиш во посета на Северна Македонија](https://gdb.rferl.org/0515A3D6-810D-4D9A-9959-27F72180BD54_w800_h450.jpg)
Делегација на Чешката Република предводена од премиерот Андреј Бабиш денеска ќе престојува во посета на Северна Македонија. По разговорите предвидена е заедничка прес-конференција на премиерите Зоран Заев и Андреј Бабиш. Потоа Бабиш и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе го посетат транзитниот центар Винојуг и ќе имаат средба со чешките полициски службеници кои и помагаат на нашата полиција на јужната граница.