Извлечен потонатиот брод во Дунав, пронајдени 4 тела
![Извлечен потонатиот брод во Дунав, пронајдени 4 тела](https://gdb.rferl.org/9252ED50-1F17-4348-A71A-AFC8BAD10C59_cx0_cy2_cw0_w800_h450.jpg)
Спасувачките екипи пронашле четири тела откако беше извлечен потонатиот брод од дното на Дунав во Будимпешта во кој се превезуваа туристи од Јужна Кореја и кој потона пред две недели. Во несреќата загинаа 26 туристи и двајца членови на екипажот. Се уште не се пронајдени телата на четири жртви. Бродот потона за неколку секунди откако се судри со поголем брод во услови на големи врнежи од дожд.