Албанскиот премиер Рама во Брисел
![Албанскиот премиер Рама во Брисел](https://gdb.rferl.org/C6D9B24D-59B5-4137-B328-EC9A3888B280_cx2_cy0_cw66_w800_h450.jpg)
Албанскиот премиер Еди Рама денеска во Брисел треба да разговара со претседателите на Европскиот совет и на Европската комисија Жан Клод Јункер и Доналд Туск. До овие средби доаѓа во тензична политичка ситуација кога опозицијата предводена од лидерот на Демократската партија Љуљзим Баша бара оставка на владата и предвремени парламентарни избори. Опозицијата најави и бојкот на локалните избори кои деновиве иако беа закажани за 30 овој месец беа отповикани од претседателот Илир Мета. Социјлистичката партија на премиерот Рама покрена иницијатива за негово разрешување.