Заев: Политичките одлуки ќе зависат од ЕУ и од Меркел
Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека политичките одлуки во земјата за тоа дали ќе има реконструкција на Владата или предвремени избори ќе зависат од одлуката на Европскиот совет и како европските земји ќе ги постават работите, како и од пораките што ќе ги добие од германската канцеларка Ангела Меркел на претстојната средба во четврток во Берлин.
Тој на заедничката прес-конференција во Владата со неговиот чешки колега Андреј Бабишпорача дека нема дилеми оти земјата ќе добие датум за преговори, но важно тоа е да биде порано. Заев најави и дека веројатно следниот викенд ќе следи седница на централниот одбор на СДСМ и верува оти месецов ќе се заокружат сите политички одлуки.
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска при денешната посета на касарната Илинден изјави дека е убедена оти средбата на Заев и Меркел ќе испрати порака дека земјата го исполнила својот дел од обврските и сега Европската Унија треба да ја исполни својата обврска.