Во експлозија на танкер за нафта во Дагестан загинале тројца морнари
![Во експлозија на танкер за нафта во Дагестан загинале тројца морнари](https://gdb.rferl.org/8249A184-4B9A-47EA-9C2F-269B71763981_w800_h450.jpg)
Тројца морнари загинале во експлозија на танкер за нафта во рускиот пристанишен град Махачкала. Руското министерство за вонредни работи соопшти дека три лица биле хоспитализирани, а за време на експлозијата на танкерот имало 12 лица. Танкерот кој и припаѓа на компанијата Волга пристигнал во главниот град на Дагестан од Туркменистан при што носел 2000 тони нафта.