Кукан: Еве каде е октомври
Иво Вајгл рече дека е презадоволен од она што било постигнато меѓу партиите и дека очекува Северна Македонија да добие датум за преговори со Европската Унија во септември или октомври.
„Септември – октомври се близу. Само едно лето стои меѓу сега и датумот кој ќе го добиете за почеток на преговорите“, рече Вајгл.
Едуард Кукан, пак, потсети дека времето лета со изјават “еве го кај е октомври”.
Првата средба во рамки на дијалогот „Жан Моне“ претставниците на парламентарните партии во Собранието ја одржаа минатата година во Охрид. Како и лани, и сега оваа сесија беше предвидено да заврши со заедничка вечера на европратениците, собранискиот спикер Талат Џафери, но и лидерите на политичките партии меѓу кои Зоран Заев, Христијан Мицкоски, Али Ахмети, Мендух Тачи, Зијадин Села, Африм Гаши и Билал Касами.