Министерството за правда очекува до септември да се донесе законот за СЈО
Заменик министерот за правда Оливер Ристовски изрази надеж дека ќе се усогласат со опозициската ВМРО-ДПМНЕ за законот за Специјалното јавно обвинителство и очекува најдоцна во септември да биде донесен.
„Преговори за СЈО меѓу партиите нема. Работните групи од власта и од опозицијата подолг период немале средба, ниту има информации дека се работи на изнаоѓање решение за статусот на СЈО. Како што кажа и министерката во врска со конкретниот закон, значи во моментов немаме преговори овие денови, нема да мируваат летово. Јас разговарав и со премиерот на оваа тема. Очекуваме најдоцна во септември да го донесеме законот“, рече Ристовски.