Обвинителството бара оштета од 2,6 милиони евра за „шпански скали“
Обвинителство бара притвор за сите 11 осомничени, од кои 10 се приведени, меѓу кои се поранешни и сегашни вработени во државни институции, како и ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и до судот е доставено барање за обезбедување мерки за имотно право побарување во висина на штетата во вредност од 2,6 милиони евра. Меѓу приведените е бизнисмен кој е осомничен дека со неисполнување на договорот со министерството учествувал во оштетување на буџетот во вредност од 2,6 милиони евра.
Два од спорните договори се однесуваат на државно земјиште од 4 илјади метри квадратни за изградба на хотелски комплекс. Додека останатите два се однесуваат на земјиште од речиси 9 илјади метри квадратни и 13 илјади метри квадратни наменето за изградба на шпанските скали и хотел.
Станува збор за петмина вработени во министерството за транспорт и врски, потоа за нотари и вработен во Катастар, како и државниот правобранител на Град Скопје. Изутрината беа приведени и Димитар Димовски член на Извршен комитет на ВМРО ДПМНЕ и Дејан Митревски претседател на општински комитет на Аеродром потврдија од ВМРО-ДПМНЕ.