Јунската плата за вработените во градинките повисока за 16 отсто
Со измените и дополнувањата на Законот за заштита на децата за 16 отсто се зголемуваат платите на воспитувачите, негователите, стручните работници и соработници. Се зголемуваат и платите на помошно-техничкиот пероснал со Колективен договор потпишан со синдикатот. Исплатата на зголемените плати започнува со исплатата на јунската плата во текот на месец јули, информираат од Министерството за труд и социјална политика (МТСП).
„Ние продолжуаме да инвестираме во нови објекти, но и во кадрите кои се грижат за нашите најмлади и целокупниот квалитет на предучилишното образование“, се наведува во соопштението од МТСП.