Се запали тетовски автобус кај Дубровник, нема повредени
Автобус на тетовскиот превозник „Хефет турс“ се запалил изутрината околу ва часот во близина на Дубровник, велат вработени во компанијата. Во несреќата нема повредени патници, а во автобусот кој сообраќал на линијата Скопје – Сплит имало 49 патници.
Хефет Арифи кој е влаботен во компанијата за МИА изјавил дека благодарение на брзата реакција на пожарникарските служби пожаот бил изгаснат, а оти сите патници за околу половина час биле транспортирани до крајните дестинации со друг автобус. Од компанијата тврдат дека кај патниците немало никакви повреди, ниту оштетувања на нивниот багаж.