Меркел не очекува брз прием на Западен Балкан во ЕУ
Германската канцеларка Ангела Меркел во видео поткаст објавен денека по повод претстојниот самит за Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес, изјави дека не очекува брз прием на земјите од Западен Балкан, но потенцира дека регионот има европска перспектива, пренесува МИА.
Самитот ќе се одржи ов петок во полскиот град Познањ, а Меркел рече дека земјите од регионот треба да надминат уште многу пречки и да исполнат многу услови: „Патот и натаму е полн со камења“, рече Меркел.
Таа истакна дека во регионот постојат позитивни примери на дијалог, посебно потенцирајќи го решавањето на догогодишниот спор меѓу Скопје и Атина за името и оти ваквиот пример треба да биде охрабрување за решавање на проблемите во Босна и Херцеговина и меѓу Србија и Косово.