Европските лидери блиску до договор за идниот претседател на ЕК
Лидерите на ЕУ се блиску до договор за назначување на холандскиот социјалист Франс Тимерманс за претседател на Европската комисија, а централно десничарката Кристалина Ѓорѓиева за претседател на Европскиот совет, соопштија дипломати.
Белгискиот премиер Чарлс Мајкл, според нив,е силен кандидат за шеф за надворешна политика на ЕУ. Манфред Вебер кој е од Европската народна партија кој сакаше да ја предводи ЕК, како што наведуваат дипломати, ќе биде претседател на Европскиот парламент.