Израел извршил воздушни напади во Сирија
Израелските власти спровеле воздушни напади врз позиции на силите лојални на сирискиот претседател Башар ал Асад во близина на Дамаск и во покраината Хомс. Новински агенции јавија дека сириските безбедносни сили соопштиле дека ракети биле истрелани од израелски воени авиони кои летале во воздушниот простор над Либан.
Според извештаите, четворица цивили загинале, а 21 биле повредени во нападот во близина на Дамаск. Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека во нападите загинале деветмина главно странски борци и шест цивили, меѓу кои и три деца.