Еден загинат и 100 повредени во нападите во Авганистан
Најмалку едно лице е убиено, а над 100 други се повредени во експлозија на автомобил-бомба во Кабул, проследено со престрела меѓу вооружена група и безбедносните сили. Талибанците ја презедоа одговорноста за напад, кој се случи по два дена откако преговарачите на милитантната група и САД започнаа нов круг разговори во Катар за да се стави крај на речиси 18-годишната војна во Авганистан, што е најдолгата војна во историјата на САД.
Експлозијата се случила во населбата Пули Махмуд Кан во Кабул за време на сообраќаен метеж и ги потресе зградите на одалеченост до 2 километри, се вели во извештаите.