Тачи: Нема хуманитарна криза во северно Косово
Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека во општините во северно Косово со мнозинско српско население нема хуманитарна криза. Според него, намерата на српските власти е да ги прикажат косовските Срби како жртви, поради таксата од 100 отсто што земјата ја воведе на увозот од Србија и од Босна и Херцеговина.
„Хуманитарна криза во Косово нема. Многу е важно целиот демократски свет да ја препознае реалноста во северно Косово и оваа нова претензија на Србија е неуспешна. Косовската држава ќе ги исполни сите обврски кои ги има кон своите граѓани на целата територија на Република Косово“, им изјави Тачи.