Владата на Косово ќе отвори времени продавници на север
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај објави дека Владата, во соработка со бизнис-заедницата на Косово, организира отворање на привремени продажни пунктови во местата во северно Косово, каде сопствениците Срби денеска ги затворија продавниците во знак на протест поради таксата од 100 отсто на увозот од Србија и Босна и Херцеговина.
Како што јави МИА од Приштина, Харадинај преку својата страница на Фејсбук порача дека ваквата одлука е донесена за да се заштитат косовските граѓани во тие општини.
"Уште еднаш денеска им дадовме институционален одговор на сите оркестрирани дејствија од Србија, одговор кој го запечатува суверенитетот на земјата. Симулирањето на хуманитарната катастрофа од страна на Србија е уште еден пропаднат обид за дестабилизација"напиша Харадинај.