Александра Цветковска нов пратеник, на местото на Горан Милевски
ДИК на денешната седница констатира дека врз основа на спроведена постапка Александра Цветковска ќе биде нова пратеничка во Парламентот. Таа доаѓа на местото на Горан Милевски, кој од неодамна е нов министер за локална самоуправа. Александра Цветковска е од листата на кандидати за пратеници во Парламентот за ИЕ 5 од СДСМ и Коалицијата.