Во грабежот во НЛБ Банка во Сарај украдени 115 илјади евра
Сто и петнаесет илјади евра се украдени во грабежот во експозитурата на НЛБ Банка во Сарај што се случи утрово, соопштија од Банката.
Банката ја ограбила вооружена група разбојници.
„Во моментот на случувањата во експозитурата биле присутни вработени и клиенти, при што сите се безбедни и во добра состојба, наведуваат во соопштението.
Оттаму додаваат дека се во интензивна соработка со надлежните органи со цел побрзо откривање на деталите и разрешување на случајот.
Во моментов поради истрага и расчистување на случајот, експозитурата Сарај не работи, а најавуваат дека со редовна работа ќе продолжи од 10 јули 2019 година.