ОЈО - Истрагата за „Рекет“ не е проширена, не ширете шпекулации
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ги осуди написите во дел од медиумите кои, повикувајќи се на извори од Обвинителството, како што велат од ОЈО, „шират шпекулации за наводно проширување на истрагата и за содржина на одземените материјални докази во предметот за примање награда за противзаконито влијание“, случај познат како “Рекет“.
„Обвинителството ја известува јавноста дека само официјално објавените соопштенија на веб страницата на обвинителството и дадените изјави на обвинителите се веродостоен извор на информации во врска со овој предмет. Истражната постапка е штотуку отворена и во моментов не може да стане збор за проширување на истата, но не е исклучена можноста доколку при истрагата се дојде до релевантни докази истата да биде проширена“, стои во реакцијата на ОЈО.