Харадинај за враќање на дијалогот, но во рамки на постојните граници
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска изрази подготвеност за враќање кон дијалогот со Србија, но под услов за заемно признавање во постојните граници.
„Тоа што Косово го бара е најосновно. Баравме договорна рамка за заемно признавање во постојните граници. Оваа рамка од договорот треба да биде рамката за тоа што ќе го преговараме и за ништо друго“, рече Харадинај.
Тој му се заблагодарил на францускиот претседател Емануел Макрон на искреноста, затоа што во текот на посетата на Белград изјави дека треба да се најде компромисно решение меѓу Белград и Приштина.