Брнс: Ќе продолжиме да го поттикнуваме премиерот Заев да бара одговорност
Американската амбасадорка во Скопје Кејт Мари Брнс во првото телевизиско интервју по нејзиното преземање на функцијата, вели дека ги следи актуелните случувања во земјава поврзани со аферата „Рекет“. Таа вели дека во сите случаи каде што постојат тврдења за корупција и за злоупотреба на функцијата,САД подржува темелна, брза и транспарентна истрага. Таа во интервју за Алсат ТВ, вели дека исклучително е важно во случај со тврдења за можна корупција, тие поединци да бидат повикани на одговарост, а Владата да презема дејствија.
„Ги уважуваме и ги поздравуваме чекорите што ги презема Владата за ставање крај на корупцијата и во борбата против неказнивоста. Но, има уште работа што може да се заврши. Ние ќе продолжиме да го поттикнуваме премиерот Заев да бара одговорност од сите владини претставници и да гарантира дека без оглед на нивото на функцијата, луѓето треба да имаат доверба во владините институции и тоа што тие можат да сторат за нив”, вели Брнс.
Во однос на иднината на СЈО таа вели дека е важно да се зачуваат капацитетите на Специјалното Обвинителство и ова ќе им даде јасен сигнал на граѓаните а воедно и на меѓународната заедница декадржавата е целосно посветена на унапредување на владеењето на правото.